Се чини дека на големо се менуваат стандардите за убавината во светот. Минатата недела, основачката на #effyourbeautystandardsTess Holliday потпиша со MiLK Model Management,а ова утро беше објавено дека изданието за костими на капење на Sports Illustrated‘s ќе го добие својот прв модел со плус големина од стандардните. Единствен проблем со идејата е што Спортс Илустрејдет не го одбрал моделот туку ја искористил рекламата на брендот за костими за капење Swimsuits For All со нивниот модел Ешли Грахам.
Моделите со „големина плус“ (plus-size) е релативно нов концепт кој се заснова на идејата дека „совршеното тело“ постојано се менуваа, па дека е време да ппочнеме да го гледаме дизверзитетот во телата на позитивен начин. Како што Грахам рече на прес конференција: „Знам дека облините ми се секси и сакам сите останати да знаат дека и нивните се исто така. Не постои причина да се криеме и има милион причини зошто да парадираме. Светот е подготвен за повеќе облини во бикини.“