На состанокот на Европските социјал-демократи, одржан синоќа во Брисел заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и известувачот на европските социјал демократи, Ричард Ховит дискутирале за докуметите со кои располага СДСМ во кои наводно се докажуваат криминални активности на министри во владата како и за видео снимката од кабинетот на премиерот каде што се гледа дека лидерот на опозицијата Зоран Заев вели дека документите со кои располага се од странски разузнавачки служби.
Ховит нагласил дека недореченоста на тврдењата на владата треба да бидат разјаснети и да се дадат гаранции дека случајот ќе биде третиран непристрасно.
-На состанокот се разговараше и за најавата дека Заев ќе се соочи со обвинение за шпиунажа кое беше опишано како обид за државен удар и направено од премиерот Груевски за време на викендот – се вели во соопштението на европските социјал-демократи.
Изјавата на известувачот на европските социјал демократи, Ричард Ховит, е следната:
Тешко е да се има доверба во тоа дека обвинувањата ќе се истеражуваат непристрасно кога тие обвинувања дојдоа од премиерот а не од судската власт и во случајот би можеле да го прејудицираат исходот на истрагата, вели Ричард Ховит.
Ховит понатаму вели дека Шеќеринска појаснила оти документите доаѓаат од луѓе внатре во системот а не од надвор но дека Заев тоа така му го соопштил на Груевски за да ги заштити тие кои ги споделиле информациите кои отркиваат сериозни криминали правени од луѓе во владата.
Не е на нас да пресудиме за случајот но мојата група изразува сериозна загриженост дека презумцијата на невиност може би не е почитувана и за тоа дека обидите за рестрикција за известување за случајот може да бидат толкувани како обид за прикривање , вели Ховит.
Најдобро е сите наводи да бидат обајевни целосно без одлагање, вели Ричард Ховит и додава дека владата треба да објасни многу недоречености вклучувајќи го и прапањето зошто обвинувањата дојдоа од премиерот, како снимка од кабинетот на премиеroт беше објавена и зошто во документите на министерството за внатрешни работи нема обвинувања против Заев за шпионажа.
