Епл прави сопствен пребарувач?

од Vladimir Zorba
130 прегледи
Откако постепено се дистанцира од Гугл и се насочи кон Бинд, Епл успеа да се ослободи од целосното влијание на Гугл во ајОС што се однесува до пребарувањето.
apple-search
Сега, меѓутоа, изгледа дека компанијата има сериозни амбиции во овој поглед.
На тоа нè наведува нов оглас за работа, објавен на сајтот за кариери на Епл, во кој се бара „Раководител на инженеринг проект“ за нешто што се нарекува Епл Срч (Apple Search).
Во описот станува збор токму за она за што сугерира името -„платформа за пребарување која ќе поддржува стотици милиони корисници“. Предметниот менаџер „ќе игра улога во започнувањето на револуција во начинот на кој луѓето ги користат своите мобилни уреди и компјутери“.
Засега тоа е се што знаеме за т.н. Епл Срч , но очигледно станува збор за функција за пребарување, која ќе биде интегрирана во софтверот и хардверот на производите на компанијата. Тоа всушност изгледа логична опција предвид дека Епл едвај би ризикувал да се натпреварува директно со Гугл во форма на целосен интернет пребарувач со сопствен домеин и опции за пребарување.