Децата под 13 години играат во просек по 2 часа дневно на мобилни уреди

од Vladimir Zorba
103 прегледи
Според податоците од истражувањето на НПД Груп, кое е спроведено помеѓу 25 ноември и 5 декември 2014, се испоставува дека најактивните играчи се децата помеѓу 2 и 12 години. Тие поминуваат просечно повеќе од 2 часа дневно со своите или телефоните и таблетите на родителите. Smartphone-kids
Сосема логично, токму оваа група е и втората во однос на купувањата во апликациите. Единствената возрасна група, која троши повеќе од малите деца, е онаа на 30 до 44-годишниците, но таму сепак очекувањата се дека купувачите се зрели луѓе кои знаат за што ги трошат своите пари.
Во податоците на НПД Груп, времето кое децата го поминуваат со мобилни игри, се зголемило за импресивни 57-отсто за последните 2 години, што целосно ја потврдува зголемената улога на таблетите и смартфоните во секојдневниот живот. Интересно е дека повеќето од учесниците во анкетата играат не само на мобилни уреди, туку користат и компјутери и конзоли за оваа намена. Само 20-отсто од испитаниците играат единствено на смартфон или таблет.