105
„Интернет на нештата“ (ИоТ) е жешка тема во ИТ индустријата. Прогнозата на ИДЦ покажува дека до 2020 година на мрежата ќе бидат вклучени над 28 милијарди уреди, додека Гартнер очекува бројот на поврзаните „паметни“ единици да достигне 25 милијарди. Бројките се импресивни и се повеќе ги загрижуваат менаџерите за информациска безбедност.
Според неодамнешното истражување на Трипвајр, компаниите се загрижени од тоа дека ИоТ уредите можат да станат влезни точки за пенетрација на малициозен софтвер во корпоративните мрежи. Проблемот доаѓа од тоа дека компактните димензии и ниската продуктивност на ИоТ уредите пречат за примена на модерната технологија за кодирање на податоци и други мерки за безбедност.
Тешко би било исто така да се ажурира безбедноста на евтини уреди, преку пласирање на регуларни закрпи. Американските производители веќе ги предупредиле надлежните органи во на САД.
Веројатноста за инфицирање на уредите со малициозен софтвер или вируси е многу поголем надвор од канцеларија, забележува аналитичарот Крег Јанг од Трипвајр. Проблемот е во тоа дека вработените не размислуваат и не ги проверуваат изворите на содржини кога симнуваат апликации на своите паметни телефони и таблети.
Токму смартфоните и таблетите се користат од вработените на компаниите за управување и полнење на други уреди од категоријата „Интернет на нештата“. Како резултат на тоа, ризикот од инфекција на корпоративни и домашни мрежи може да биде многу висок, ако компаниите не интегрираат адекватни политики за безбедност, предупредува Крег Јанг.
