Претставници од Студентскиот и Професорскиот Пленум денеска одат на средба со премиерот Никола Груевски на негово инсистирање, информираат од пленумите.

Средбата е закажана за 12:30 часот. На студентите им е соопштено дека тема на разговор ќе биде изготвување на нов Закон за високо образование и тие сметаат дека ова е обид на премиерот да ги спречи во нивното понатамошно делување.
Од двата пленуми велат дека се изненади од ваквиот ненадеен повик на премиерот, кој не ги послуша на ниту еден од јавните протести и маршови кои изминативе месеци ги организираше Пленумот.
Освен студентите и професорите, на состанокот се поканети и претставници од Ректоратот на УКИМ.