На крајот на минатата година фановите на Аврил Лавињ беа многу вознемирени, бидејќи нивната миленичка исчезна од јавниот простор.
Тогаш пејачката изјави само дека е болна, но без да прецизира каква ѝ е точно состојбата. Се појавија дури и шпекулации дека ѕвездата се лекува во клиника поради зависност од дрога, но таа побрза да ги побие со порака на социјалната мрежа.
Добрата вест е дека Аврил се врати и дури и има подготвено нова песна и видео кон неа.30-годишната музичка ѕвезда дебитира новиот сингл “Give You What You Like”, со 30 секунден видео клип со дел од песната.
Новиот проект на Лавињ е саундтракот на филмот “Babysitter’s Black Book”, а во видеото се вклучени снимки од него.Пејачката, пак, е во одлична форма и по се изгледа дека е ослободена од здраствените проблеми.