Научниците изработија нов додаток за смартфон, преку кој може да се прават тестови за ХИВ и сифилис.
Апаратот кој се прикачува на телефонот ќе користи минимално количество крв, а резултатите ќе бидат јасни за 15 минути, соопштува “Дигитал џурнал”.
Истражувачите од Универзитетот Колумбија за инженерство и применета наука го развиле апаратот кој се напојува само од батеријата на смартфонот. Тој се поврзува со софтверот на телефонот преку апликација која ги покажува резултатите. Едно полнење на “Ајфон тач” на пример би можело да напојува 41 тест.
Апаратот сè уште не е во продажба, но близу 100 примероци од него веќе биле користени врз пациенти во Руанда. Тој се тестира како дел од програмата за намалување на болести, како и пренос од мајка на дете во земјата.
Новиот апарат е многу полесен, мал, евтин и едноставен во споредба со други слични апарати.