При толку квалитетна нафта, Либија може да банкротира

од desk3
100 прегледи

Силно вознемирени сме од економските последици од политичката криза и кризата во безбедноста за идниот просперитет на Либија, изјавија во заедничко коминике САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија.

триполи, либия, пожар, сблъсъци

САД и пет европски држави предупредија денеска за опасноста од банкрот на Либија, ако ископувањето на нејзината нафта и цените на меѓународните пазари продолжат да паѓаат.

Поради слабата екстракција и ниските цени на нафтата Либија се соочува со буџетски дефицит, кој потенцијално може да ги проголта сите нејзини финансиски приходи, ако ситуацијата не се стабилизира, додаваат тие.

Либија е заглавена во хаос по падот на режимот на Моамер Гадафи. Земјата се раководи од две сопернически влади: едната поставен од коалиција на вооружени милиции – Фаџр Либија, која во текот на летото го зазеде главниот град Триполи, и другата- во источниот дел на земјата, призната од меѓународната заедница.

Нафтената индуст на анархија. Пред бунтот од 2011 приносот изнесуваше 1,5 милиони барели дневно и претставуваше 95% од извозот на земјата, обезбедувајќи 75% од приходите.

Сега приносот падна на 350 000 барели дневно.