Променливо облачно со повремени врнежи претежно од снег

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Променливо облачно со повремени врнежи претежно од снег, особено попладне во западните делови каде повремено ќе имаат и умерен интензитет. Претпладне ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер.

снегг

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

 Во Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд и снег и слаб до умерен, а кон крајот на денот засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:

50 Маврови Анови, 44 Лазарополе, 34 Крушево и 6 Пожаране.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2):

2 во Охрид и Дојран и 1 во Гевгелија, Берово, Претор и Крушево.

 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

-6 Маврово, -3 Крушево, Лазарополе и Кр.Паланка, -2 Виница, -1 Скопје-Петровец и Дебар, 0 Прилеп, Куманово, Берово и Тетово, 1 Скопје-З.Рид, Претор, Битола и Штип, 2 Охрид, Д.Капија, Струмица и Дојран, до 3 степени во Гевгелија.

 МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:

Претежно облачно и тивко, во текот на ноќта имаше слаби локални врнежи од дожд и снег.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, кој на моменти ќе надминува брзина од 80км/час. Потоа до среда времето ќе биде студено и ветровито со слабо провејување на снег.