Лидерите на Русија, Франција, Германија и Украина денеска ќе одржат видеоконференција, која се очекува да биде кулминација на дипломатските напори на највисоко ниво за надминување на кризата во источна Украина, преземени во текот на викендот.Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека “работата ќе биде продолжена и првичните резултати од неа ќе бидат сумирани во неделата, за време на видеоконференција, која ќе се одржи на највисоко ниво”.
Песков ова го изјави по крајот на петчасовите преговори во Кремљ меѓу Владимир Путин, Франсоа Оланд и Ангела Меркел. Во Москва европските лидери беа по консултации во четврток и со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев. “Поаѓајќи од предлозите, формулирани од претседателот на Франција и канцеларот на Германија, во моментов се вложува заедничка работа за подготовка на текст на евентуален заеднички документ за примената на договорот од Минск , документ кој би ги вклучил во себе предлозите на претседателот на Украина и предлозите формулирани и додадени од претседателот Путин “, рече претставникот на Кремљ. Тој додаде дека тоа се прави “за да може потоа овој текст и овие предлози да бидат претставени и одобрени од сите страни во конфликтот”.
Што велат учесниците пред преговорите
Засега учесниците во преговорите се воздржуваат да шират информации за нивната содржина. Рускиот претседател дури се воздржа од јавни проценки на консултациите. Неговите колеги не беа многу зборлести и се ограничија само со општи размислувања. Оланд, враќајќи се во Париз, изјави дека преговорите “се последна шанса” за надминување на кризата во Украина. Францускиот претседател истакна дека во случај на неуспех, ќе се појави закана од домино војна во регионот. “Ако не успееме да постигнеме не само компромис, туку и одржлив мировен договор, сите прекрасно добро разбираме какво ќе биде сценариото за идниот развој на настаните – тоа се нарекува војна”, рече тој. Зборувајќи за претстојната видео конференција, Оланд истакна дека лидерите “треба уште повеќе да ги доближат своите позиции, за да може да се приближат поблиску до целта “. “Во моментов таа цел не е постигната. Додека договорот не е потпишан, постои ризик “, предупреди Оланд.
Од Москва Меркел замина за конференцијата за безбедност во Минхен, каде што разговараше со Порошенко. “По вчерашните преговори ние сеуште не знаеме дали ќе постигнеме успех”, рече таа. Но, според оценката на Меркел, посетата во руската престолнина “имаше смисла”. “Конфликтот не може да биде решен со воени средства, решивме да се фокусираме на дипломатските напори”, рече таа, предупредувајќи од опасноста за ескалација на конфликтот, во случај на испораки на оружје во Украина. Во Минхен Меркел одржа трилатерален состанок со Порошенко и потпретседателот на САД, Џо Бајден. Бајден изјави дека конфликтот во Украина нема воено решение и треба да биде постигне “почесен мир” за сите земји. Според потпретседателот на САД, иницијативата на Меркел и Оланд “вреди”. Порошенко се ограничи со кратката “да” одговор на новинарските прашања, дали е способна на успех мирната иницијатива на Оланд и Меркел. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа во Минхен свои консултации за кризата во Украина, вклучително со своите колеги од САД и Германија – Џон Кери и Франк-Валтер Штајнмаер. Лавров изјави дека Русија е подготвена да стане гарант за идните договори меѓу Киев, Луганска и Донецк, со што ја потврди позицијата на Москва за потреба од директен дијалог меѓу страните во конфликтот. Рускиот министер за надворешни работи му посочи на Џон Кери дека плановите на Вашингтон за доставување на Киев на воена опрема и оружје содржат непредвидливи последици и се закануваат да ги спречат напорите за решавање на конфликтот во Украина.
