Бугарските печалбари се вистински среќа за Германија. Задоволни се и тие, и фирмите, тврди обемна репортажа на “Франкфуртер алгемајне цајтунг”, цитиран од Дојче Веле. За долгото патување Карина се натоварила со три тави пет килограми чоколадо и целиот куфер полн со животни мудрости. “Може да си сиромашен и покрај се среќен, но за тоа треба талент.
Многу полесно е да бидеш богат и среќен.”Карина знае за што зборува, зашто многу пати преживеала низ сиромаштијата, и богатството. Животот и ‘ осцилира токму како автобусотот , кој ја носи дома. Таа работела два месеца во Германија за фирма која вработува берачи на јагоди и малини. сместувањето и била многу скапо, цигарите – исто така. заработеното добро, но сепак во Германија се чувствувала сиромашна. Карина е на 42 години. Има неколку дупки на ушите и неколку деца, дури и еден внук. Сите тие живеат во Бугарија, во трикатна куќа, каде де брат и ќе и го закрпи покривот, де син и ќе го поправи гардероберот и така се бутка . Потребни се силни машки раце, кога парите не стигнуваат. И секако една жена, која треба да донесе малку пари од печалба во Европа. Токму поради тоа по неколку месеци Карина се качува на автобусот во Пловдив. Дали ќе тргне кон Германија, кон Австрија или Холандија – на неа и е сеедно. Важно е на Запад. Таму каде има работа.
Печалбарите ја вршат онаа работа која локалните луѓе не ја сакаат
Секој ден безброј автобуси превезуваат Романци, Бугари, Полјаци или Унгарци на Запад, каде што тие ја вршат таа работа, која Германци , Французи или Белгијци не сакаат да ја прават. Бидејќи е претешка и премногу лошо платена. Ако не беа луѓето од Источна Европа, досега ќе сме ги пуштиле кепенците, велат работодавачите на Карина и на многу други печалбари. Вистината е дека овие работодавци доста добро заработуваат на грбот на печалбари. Но Карина не се лути. Во моментов таа се радува дека ќе ги види децата и нејзиниот внук. И добро знае дека наскоро повторно ќе замине на Запад. “Германците се добри луѓе, ама малку ладни.” Некаде пред австриската граница Карина вади од чантата слика на семејството. И другите жени отвораат мобилни телефони, каде што чуваат фотографии на деца како си играат меѓу блоковите, или на сопружници со каскети. Патничките во автобус се познаваат – не е битно , дека доаѓаат од различни бугарски градови. Фирмите кои вработуваат работници од Источна Европа, обично не дејствуваат преку класичните огласи за работа или посреднички агенции, туку се потпираат токму на тоа дека жените ја разнесуваат веста за најдобрите пари во Германија. Константин е клучар во автобусот. Додека зборува, тој постојано се смешка. Внимателно избира зборовите. И држи до одговорност за целиот автобус. Сопственикот на автобусите, шефот на Константин, бил најбогат човек во Бугарија: “добар, но и ригорозен маж”.Константин објаснува дека им плаќаат според бугарските тарифи – ништо што работат како подизведувачи за германски фирми. Не сака да каже колку точно заработуваат. Наместо тоа бара спас во информации од општ карактер: “Во Бугарија дури професорите земаат по 300 евра месечно.” Тој самиот бил задоволен и покрај сè. Како и останатите во автобусот. Но и покрај тоа никој од соговорниците не сака да му се споменува вистинското име. Константин веќе од 14 години ги придружува автобусите со печалбари. Половина денови од месецот е на пат. На неговата прва жена и здосадило тиа и го оставила , а Константин останал во автобусите и се заљубил одново. Ретко ги гледа двајцата синови, но пак секогаш им купува убави подароци за родендени.
Еден одличен бизнис
На секои четири часа автобусот запира на некој паркинг. Најмногу да испијат едно кафе – пари за сендвичи или вурстове не даваат. И да испушат една цигара, па се до филтерот. Патувањето со автобус е супер евтино. И супер досадно. На автобуската компанија сепак и е сеедно. Печалбарите се за неа одличен бизнис, особено откако Бугарите добија слободен пристап до целиот пазар на труд во ЕУ. Германските фирми најмногу редовно бараат посреднички услуги, за да вработи автобуси за работниците – и стигнуваат до релевантните компании во Бугарија и во Романија. Автобусите немаат и година, навлаките на седиштата се чисти. Нема споредба со оние таратајки, со кои во Германија пристигнаа првите турски гастарбајтери во 50-тите и 60-тите години. Синовите и ќерките на оние гастарбајтери веќе имаат добро образование и не сакаат да берат сеидба за 7.40 евра на час. Жените во автобусот заработуваат по толку – незамисливо многу пари за Бугарија. Работодавачите им обезбедуваат многу гости. Често пати ги заштитуваа во сопствени пансиони, каде што дури има соработници кои им зборуваат бугарски. Бидејќи речиси ниедна од жените во автобусот не знае германски. Поради оваа причина фирмата собира на интернет работници не на германски, туку со најави на бугарски, полски или словенечки.Германските претприемачи сакаат печалбари од Источна Европа, бидејќи се скромни и издржливи. Можат да поминат часови работа крај подвижни сортировки – и пак не се жалат. По празниците се подготвени да работат, дури и дедо Мраз можат да го одложат. Благодарение на овие работници фирмите ги спасуваат и работните места во администрацијата, бидејќи инаку би требало да нарачуваат скапи услуги за целото производство што баш и не би им било исплатливо/ ФАЦ
