Власта ќе бара да се протера амбасадорот кој им „помагал“ на Заев и на Верушевски?!

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Со тврдењето на провладините портали дека наводното писмо лидерот на СДСМ Зоран Заев до притворениот поранешен контраразузнавач Зоран Верушевски наводно се потврдила „вмешаноста на странските служби во подготовката на материјалите“ со кои тој наводно му се заканувал на премиерот Никола Груевски, се потврди, всушност, тезата што дневниот весник „Слободен печат“ ја лансираше веднаш по апсењето на Верушевски – дека власта лови амбасадор на земја од Западот, со што сака да се интернационализира случајот во нејзина полза, информира Плусинфо.

Еве ја таа насловна страница на „Слободен печат“ од 28 јануари:

naslovna-sloboden-pecat-373x540

Провладините медиуми сега тврдат дека во писмото, кое наводно е рачно пишувано од лидерот на СДСМ, „се потврдува дека странски премиер и амбасадор ја подготвувале бомбата заедно со екс разузнавачот Верушевски и Заев“. Во писмото, кое на 20 јануари Заев му го испратил на Верушевски, лидерот на СДСМ пишувало дека „работата која ја чекаат од пријателите од надвор е завршена“.

Напомош за интернационализација на случајот во полза на Груевски, освен домашни „експерти“, повикан е и познатиот новинар Мирослав Лазански, кој во гостувањето во „Миленко Неделковски шоу“, вели:

– Не сум сретнал ниту еден пример, на ниту еден политичар, кој имал контакти со странски разузнавачки служби и тоа јавно да го каже и јавно да го признае, а притоа со тоа некој да уценува. Па тоа во секоја нормална држава е ужасен минус.

Според информации кои гипренесе порталот Плусинфо, на Бихаќка спокојно се следат ваквите написи и се подготвуваат за понеделник, за почетокот на „бомбардирањето“, после кое, како што вели извор на Плусинфо, „владата ќе личи како Дрезден во Втората светска војна“.

– Следејќи ги нелогичните потези и фаталните грешки на премиерот Никола Груевски, нема да бидам изненаден ако се обиде да направи дипломатски скандал и да побара протерување на амбасадорот кој наводно соработувал со Заев и со Верушевски – вели извор за порталот.