Додека Обама е на власт, калифатот може да е спокоен

од desk3
110 прегледи

Осум месеци откако претседателот Барак Обама нареди бомбардирање на избрани цели на Исламската држава, наречена уште и ИСИС, терористичката група ка поддржува иницијативата како воена, така и во политичка смисла. Ова тврдење може да изненади многу луѓе. На крајот на краиштата ирачката армија и Курдите постигнаа неколку победи на бојното поле против ИДИС-пишува Њујорк тајмс.

Дјала, една од четирите ирачки провинции, заземена од ИДИС, беше исчистена од напаѓачите и сега е под контрола на ирачката армија. Во две други провинции – Салахедин и Ниневија, ирачката армија / поддржана од волонтери / успева да ги држи силите на ИДИС подалеку од линиите . А во “триаголникот на смртта”, југозападно од Багдад, ирачката армија ја врати контролата врз неколку стратешки позиции. Најмногу импресивно беше принудувањето со сила ИСИС да се повлече од делови од сирискиот гр. Кобане. Во моментов дури високи ирачки политичари тврдат неофицијално дека чудовиштето на Даеш / арапското име на ИДИС / е многу живо и каса.”.

Како така споменатите “победи” не менуваат ја генералната слика?

Како за почеток Даеш не води конвенционална војна од позиции. Групата делува во три концентрични распоредени кругови.

Внатрешниот круг е концентриран во сирискиот гр. Ракка, каде е седиштето на “калифатот” и во Мосул, третиот по големина град во Ирак. Следниот круг ги вклучува ирачките градови Рамади, Фалуџа и Тикрит, каде ИСИС има бази за преземање на брзи приливи до други градови, вклучително и до Багдад. Во третиот круг ИСИС држи одреден број одреди во населби низ поголемиот дел од пустината која се протега од Сирија и Ирак до Јордан, Либан, Саудиска Арабија и Кувајт. Следејќи го моделот наметнат од пророкот за време на војните водените од него , овие единици вршат брзи удари, проследени со превземање, слични на ониа против Саудиска Арабија минатиот месец.

Повеќето староседелски жители одбиваат да се вратат во ослободените од ИСИС градови и села. Ридот урнатини, што претставува сега Кобане, успеа да привлече не повеќе од 10% од населението за враќање во нивните домови. Помалку од 5% сакаат да се вратат во Џабал Санжар, упориште на језидите во текот на повеќе од 1000 години. Во некои населени места ирачките офицери ја забележуваат појавата на “Стокхолмскиот синдром” – локалните жители шиити и Туркменистанци изразуваат некакво одобрување на “чистотата и ефикасноста” на управувањето од страна на Даеш. Не станува збор само за оружјето со кои ИСИС наметнува контрола. Поважен е теророт кој групата го има спроведено меѓу милиони жители на Сирија, Ирак, Јордан, Либан, и, со растечко темпо, во Саудиска Арабија и Кувајт.

Во меѓувреме донесената панична одлука на Јордан за егзекуцијата на двајца џихадисти во одговор на запалувањето на фатениот јордански пилот е уште еден израз на теророт кој Даеш го наметнува на арапските влади и на голем дел од населението. На краток рок теророт е многу ефективен начин за психолошка контрола на голото население. Дури и во реоните, далеку од сферата на влијание на Даеш, зголемен број на проповедници, писатели, политичари и дури шеици и емири, тероризирааат со невидена жестокост и ги заштитуваат своите позиции.

Денес Даеш има заканувачко присуство не само во Багдад, но и во арапските престолнини од Каиро до Мускат – еден зол дух, способен да врши напади во Синај и да организира смртоносни напади на границите на Јордан и Саудиска Арабија. ИСИС ужива и друга предност: има јасна стратегија да напаѓа независни области, кои се надвор од нејзината контрола. Никој не признава дека Даеш може да го заземе Багдад, но од тоа жителите на Багдад немаат чувство дека се поблиску до нормалниот живот.

Пораката на Даеш е јасна: Никој не е сигурен никаде, вклучувајќи и во немуслимански земји, додека целиот свет не биде ставен под “правилна исламска власт”.

Дел од тврдењето за речиси неефикасните напори на Коалицијата против ИСИС се должат и на несмасните и намерно двосмислените одлуки на раководство на Обама. Тој ги држи операциите за бомбардирање на ИСИС на хомеопатски минимум и никогаш не го напаѓа “калифатот” во неговата срцевина. Ирачки официјални претставници ми рекоа дека Обама поставил толку многу ограничувања за користењето на американските воздухопловни сили што за времето додека Вашингтон одобри извршување на операција, шансата за нанесување на пораз на ИСИС веќе исчезнала. “Ние сме на бојното поле и се јавуваме за американска воздушна поддршка”, вели ирачки офицер. “Но ни велат дека прво треба да се исполнат неколку услови. И кога ќе добиеме зелено светло, ние едноставно се наоѓаме меѓу празна пустина.”

Фиктивното учество на Обама во кампањата служи за одлична пропагандата на Даеш. Без речиси никаква цена “Калифатот” тврди дека тој се бори со “паганска суперсила”, со што вади некаква легитимност и ниво на популарност во светот во кој антиамериканизмот е честа катастрофа. Даеш може и треба да биде победена и уништена, а не “воздржани и раградена” како што тврди Обама.

А тоа бара нова стратегија, која треба да содржи и имплементирање на специјалните сили на САД и други западни и арапски земји, постојани воздушни напади против Ораклот на Даеш и вооружување на оние племиња што се борат против ИСИС во Ирак и против борци на Асад во Сирија. Обама може да го отфрли сето тоа како тешка задача. Ако го стори тоа, тој само ќе го потврди верувањето на Даеш дека додека Обама е на власт, групата речиси нема за што да се грижи.