Во следните две недели има голема веројатност да започне ерупција на Јелоустоун, прогнозира специјалистот-вулканолог Хенк Хеслер, кој го следи природниот феномен од 2002 година, соопшти planet today. Прогнозата на научникот е направена по детални пресметки.
Тој регистрирал на територијата на националниот парк околу 2000 благи земјотреси, повеќето фатени само на чувствителниот прибор.Но имало и потреси со јачина од 4 и повисоки степен според Рихтеровата скала, кои беа почувствувани и од околните градови. Според геолозите, супервулканите еруптираат на секои 35 000 години, а неговата последна “претстава” настанало пред повеќе од 60 000 години. Овој процес на “заспан вулкан” сепак може да биде прекинат во секој момент. Ерупцијата на супервулканот ќе доведе до глобални промени во климата за целиот свет. На растојание од кратерот до 1600 километри се живо ќе биде избришано од лицето на Земјата, а целата територија на државите ќе биде покриена со дебел слој пепел, кој на места ќе достигнува до 30 сантиметри. Исфрлените тони пепел пак ќе го затворат сонцето на речиси целата планета и промените во климата ќе бидат драматични, прогнозираат вулкалнолозите.
