ДУИ за пресот на Заев: Го осудуваме секое дејство спротивно на правната држава и основните човекови права

од Vladimir Zorba
104 прегледи

По пресот на СДСМ и објавувањето на аудио-снимки со прислушуван материјал, со реакција излезе ДУИ. Во нивната реакција се вели дека ДУИ будно ја следи целата ситуација во земјата.

dui ah

„Го осудуваме секое дејство кое е спротивно со правната држава и основните човекови права. Сметаме дека сите отворени прашања треба да се решат на транспарентен и по институционален пат. Бараме од сите политичките фактори да бидат одговорни и совесни за, и така тензичната ситуација во земјата“ – се вели во реакцијата на ДУИ.