Народниот правобранител Иџет Мемети за РСЕ вели дека по ова што се случи не знае дали воопшто може да се каже дека во Македонија постои правото на приватност и правна сигурност на граѓаните.

„Поради информациите дека се прислушувани голем број на граѓани на Република Македонија и во однос на тоа што беше јавно покажано искажувам длабока загриженост и го осудувам ова грубо прекршување на човековите слободи и права без оглед дали се работи за јавни личности или други лица. Оваа појава е застрашувачка и штети и на прислушкуаваните и на сите други граѓани во Република Македонија, а и на самото општество“, вели Мемети.
Тој додава дека како народен правобранител нема многу механизми да реагира освен ако некое лице не побара од нив заштита.
„Ги осудувам овие појави кои се грубо прекршување на човековите слободи и права и апелирам до сите нас, до сите и инволвирани и институции со оваа пресериозна работа да не си играат. Народниот правобранител во однос на општи појави освен што може да ја искаже неговата загриженост во однос на прекршувањата на правата и да апелира да се почитуваат правилата и прописите итн, не може друго да направи. Може да води постапка ако одредено лице бара од него заштита“, вели Мемети.
Повеќе ТУКА