Грците масовно купуваат злато во страв од нејасна иднина

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Побарувачката на златници се зголемила значително во Грција во последните три месеци, откако грчките инвеститори бараат “безбеден рај” во центарот на политичката нестабилност во земјата, велат извори од Кралскиот британски монетен двор.

евра

Нема официјални податоци за количината на продажбата на златници, но сепак,  Банката на Грција, продадала 5849 златници во јануари и тврди дека бројките не покажуваат знаци на “абнормална активност.”

” Постои значително зголемување на побарувачката во ова последно квартал “, вели Лиза Елурд, шеф на продажба на злато  во Кралскиот монетарен двор. Политичката ситуација во Грција е во криза, откако грчкиот парламент не успеа да избере нов претседател на Грчката република, факт кој ја доведе земјата до предвремени национални избори и ја донесе на власт радикалната СИРИЗА.