Репрезентативката Мечевска по операцијата е во стабилна состојба

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Некаде пред полноќ  заврши операцијата на македонската репрезентативка Робертина Мечевска која со тешки повреди беше примена во Ургентниот центар, откако паднала од петтиот спрат во зградата каде што живее во населбата Острово. Таа според медициски извори сега е во стабилна  здравствена сосотојба .На ракометарката и била извадена слезината која била повредена, а имала и скршеници по телото.

20163golema

„ Операцијата заврши, незината состојба е стабилна. Млада е и се надеваме дека се ќе се заврши добро. По ова пациентката ќе биде однесена на одделот за интензивно лекување“, изјавија  за НОВА од хируршките клиники.

Капитенката на женската ракометна репрезентација и членка на шампионот ЖРК Вардар, Робертина Мечевска, паднала од прозорец од петти кат во својот стан во населбата Острово. Полиција допрва ќе утврдува како се случила несреќата.