Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет, велат извори на Либертас од владата.На седницата биле и министерката Гордана Јанкулоска и министерот Зоран Ставрески чија снимка од телефонски разговор објави опозицискиот лидер Зоран Заев. Либертас тврди дека Ставрески молчел и бил видно нерасположен а Јанкулоска имала натажена фаца.

sednica-vlada-500

Највознемирена по обелоденувањето дека биле прислушкувани и министрите, наводно била министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Истиот  извор тврди дека на седницата воопшто и не зборувале за обелоденувањето на аферата, но впечатокот кај министрите бил дека премиерот ги викнал сакајќи да види дали и колку се лути и дали се уште ја има нивната подршка.

Ве потсетуваме и на најатрактивната снимка од вчерашниот прес на Заев, таа на министрите Ставрески и Јанкулоска.