Откритието дека швајцарскиот огранок на британската банка HSBC им помога на свои супербогати клиенти да си “заштедат” милиони евра од даноци, се претвори во водечка тема во сите светски медиуми .
Определено е како “најголемото истекување на банкарски информации во историјата”.Искрата , која го запали скандалот е компјутерскиот специјалист од италијанско-француски потекло Ерве Фалчиани кој уште во 2007 година дал датотеки , доверливи информации за клиентите на банката на француските власти.
Мегу имињата на актерите Џоан Колинс и Кристијан Слејтер,моделот Ел Мекферсон,дизајнерот Валентино,автомобилистот Роси, криминалци и трговци со дрога,кралеви и бизнисмени,актуелни и поранешни политичари од 203 земји од светот се најдоа и 9 клиенти од Македонија.Сите се на списокот од над 100 000 клиенти на швајцарската филијала на британската ХСБЦ банка која им помогнала да затајат данок . Според истражувањето на мегународниот конзорциум на новинари,во периодот до 2007 година,од РМ се отворени 15 банкарски сметки и преку нив се испрани 164 милиони долари.Од 9 клиенти само еден има македонски пасош а само на една од сметките се префрлени 54,6 мил долари.Со овие бројки Макеоднија е лидер мегу земјите на Балканот и 89 во светот според сумата на пари за кои не бил платен данокот
Меѓу нив има податоци за 74 клиенти поврзани со Бугарија, од кои 11% имаат бугарско државјанство или пасош. Износот што го држат на 204 банкарски сметки, откриени во периодот меѓу 1988 и 2006 година, е во износ од 380,8 милиони. долари.
Соззнаијата се според откритијата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ISIJ), случај на кој работеле 154 новинари од 47 земји и 55 медиуми. Новинарите го откриле скандалот иако имале пристап само до врвот на ледениот брег, тврди за весникот “Паризиен” Ерве Фалчиани. До овој момент тој е единствениот, против кого се води истрага во Швајцарија, пишува “Стандард”.Против него е издадена и меѓународна потерница за прекршување на банкарска тајна. Според него новинарите имале пристап до многу мал дел од информациите, додека даночните власти добиле многу повеќе. Според “Монд” има 106 000 клиенти на банката од 203 земји со сметки за вкупно 120 милијарди долари . Според ФАлчиани неколку милиони меѓубанкарски трансакции фигурираат во документите кои тој ги предал на властите. Овие бројки можат да дадат идеја за тоа каква би можела да биде онаа брјка до која не успеале да допрат . Според Фалчиани не е можно најголемите француски банки да не се погодени од овој систем на даночни измами. Според него постојните закони против затајувањето на данок во Франција и во САД но овие покажаниве -“Тоа се малите риби, на дното на кошот. Горниот дел на кошот го користат друштва основани понекогаш на чуден и несоодветен начин”, истакнува Фалчиани. Тој повика за финансиска заштита за имателите на информации од јавен интерес во името на “напредокот на демократијата”. ISIJ тврди дека листата на клиенти ги вклучуваат и кралски семејства, фудбалери и тенисери, рок ѕвезди и холивудски актери. Ројтерс забележува дека не може без да потврди ниедно од имињата во скандалот наречен од светските медиуми “СвуисЛикс” (SwissLeaks). Поседување на швајцарска банкарска сметка не е нелегално и многу од овие сметки се со легални , наведуваат од агенцијата. Комисијата за јавните финансии кон Долниот дом во Велика Британија веќе најави дека почнува истрага за случајот. HSBC, чии акции денес паднаа за 2% поради скандалот и признаените слабости во швајцарски поделба, ризикува да стане предмет на истрага во целиот свет.Слични намери, освен Велика Британија, каде што се 8844 од клиентите, објавија и Франција (каде се стационирани 9187 од клиентите), Белгија и дури Аргентина. На мета е дури британскиот премиер Дејвид Камерон да се правда за назначувањето на поранешниот претседател на одборот на директори на банката во периодот 2006-2010 година Стивен Грин како министер за трговија меѓу 2011 и 2013 година Властите во САД, пак, освен за соучество во даночно затајување се сомневаат во HSBC и во манипулацијата на девизните курсеви.Извори од американските органи на редот соопштија за Ројтерс дека истрагите можат да ги натераат Министерството за правда да го ревидира склучен во 2012 година договор со банката за 1,9 милијарди долари. Благодарение на него HSBC се спаси тогаш против неа да не бидат покренати обвиненија, откако беше откриено дека помогнала да се извршат трансакции за стотици илјади долари од трговија со дрога во американскиот финансиски систем.

