Мајката на Тамара до Тодоров: Зошто си разочаран?! Три години немаше време да не примиш!

од desk3
118 прегледи

Мајката на малата Тамара која почина и не ја дочека согласноста да биде оперирана во странство на државен трошок, преку Фејсбук се обрати до министерот за здравствто, Никола Тодоров, кој вчера изјави дека бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на девојчето, бидејќи направил се што можел.

mkd-104819

– Не знам зошто си разочаран? Мојата Тамара ја нема веќе, зошто? Уште пред три години во Велес јавно те молев да ме примиш, да те запознам со случајот на Тамара и до ден денес не нè прими иако знаеше дека те чекам пред Министерството. Тамара имаше болки, молеше за помош, ама ти не најде време да нè примиш и да нè сослушаш и затоа немаш одговорност“, напиша на својот Фејсбук профил Жаклина Димовска, мајката на Тамара.

8594838322

Претходно, мајката на Тамара на 12 декември 2014 на Фејбук му се обрати и на Илија Димовски.

10981858_10205716943993475_8481164138500770443_n[1]

– Жално и ниско е господине Илија Димовски, во октомври 2012 ни ветивте Вие и многу други политичари од Велес дека ќе се заложите за нашиот случај, за жал се уште нема ништо на дело, тоа е вистината – напиша мајката на Тамара на Фејсбук во декември.