Вчера попладнето се случила масовна тепачка на хрватскиот автопат А1 кој ги поврзува Загреб и Сплит. Во големиот инцидент учествувале повеќе од 200 навивачи од двете завојувани навивачки групи „Бед Блу Бојс“ и „Торцида“.
Во близината на тунелот Свети Марко од Загреб пристигнале навивачите на Динамо кој вчера играше куп натпревар во Пула, додека „Торцида“ патувале во обратен правец за да го бодрат својот тим против Виноград.
Полицијата добила дојава за масовна тепачка од случајни минувачи во тој период на на автопатот. Додека пристигнале со неколку возила на местото нашле само искината облека, палки и многу крв.