ДС на Уставен ќе бара млади кадри во Советот за утврдување на одговорност кај судиите

од desk3
106 прегледи

PAVL
Демократскиот сојуз ќе достави Иницијатива до Уставен суд, за преиспитување на уставноста на Законот за Совет за утврдување и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија, кој беше усвоен на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија.

Демократскиот сојуз смета дека член 6 од овој Закон е спротивен на Уставот на Република Македонија со кој се предвидува Советот од 9 члена да биде составен од пензионирани судии, обвинители, универзитетски професори и адвокати, без право да членуваат други кандидати.

Во услови кога имаме одлични млади магистри по правни науки, со положен судски испит, со одлично познавање на повеќе странски јазици, користење на компјутери и сл., крајно неодговорно, неприфатливо и спротивно на Уставот на Република Македонија е овие кадри, како и сите други кадри со огромно искуство и професионален интегритет да бидат исклучени од можноста да членуваат во Советот.

Инаку, претседателот и членовите на Советот ќе засноваат работен однос и ќе примаат плата од над 1 000 евра.