Новиот амбасадор на САД во Македонија бара транспарентен и отворен процес за надминување на политичката слика

од desk3
125 прегледи

Новиот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорѓе Иванов.

 

“Потребен е транспарентен и отворен процес за надминување на политичката слика, но верувам дека Македонија ќе успее да го обезбеди тоа” -изјави Бејли за актуелните политички случувања во Македонија, по апсењата кои се случија за време на акцијата „Пуч“ на новинарско прашање по првата средба со претседателот Иванов во резиденцијата на Водно.

Според него САД не сака ништо повеќе од тоа даа ја види Македонија како една силна, просперитетна и мултиетничка демократија, целосно интегрирана во евроатланската заедница, порача во четвртокот новиот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли при предавањето на акредитивите до претседателот Ѓорге Иванов.
„САД и Македонија имаат силно пријателство, делиме заеднички цели и работиме во решавањето на проблемите низ светот, кон тоа тој да биде подобар, побезбеден и послободен, и САД не би сакале ништо повеќе од тоа да ја видат Македонија како една силна, просперитетна и мултиетничка демократија, целосно интегрирана во евроатланската заедница. Се чувствувам добредојден во земјата, имав одличен разговор со претседателот, а претходно и со министерот за надворешни работи. САД е пријател и партнер на Македонија, ја признаваме под нејзиното уставно име и го признаваме правото на нејзините граѓани да го дефинираат својот идентитет“, изјави американскиот амбасадор.