Додека Европа се обидува да најде дипломатско решение на конфликтот во Украина, претседателот Барак Обама смета дека без демонстрација на сила и употреба на оружје или работите ќе пропаднат, пишува колумнистот на италијанскиот весник” Il Giornale “Виторио Фелтре.
“Човештвото не е подготвено за нова војна”, пишува авторот на материјалот, според кој Нобеловата награда за мир е го удрила Обама по главата, бидејќи според него лауреатот веќе го држи прстот на чкрапалото.
Фелтре пишува дека “рацете на Обама го чешаат” да издаде наредба за испорака на смртоносно оружје во Украина.
Според Италијанецот Обама смета дека може да престане непријателството само со “мускули и размавтување на мечот”, а таа негова желба Фелтре ја нарекува “неодговорност”.
Авторот иронично го советува претседателот на САД да си пука кон ногата, бидејќи “можеби само тогаш ќе се смири”. / РИА “Новости”
