Народниот правобранител за прислушувањата: Ова е пресериозна работа!

од desk3
95 прегледи

Прислушувањата се грубо прекршување на човековите права и слободи, бидејќи пред сè е нарушено правото на приватност и семеен живот на граѓаните, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за Радио Слободна Европа.Според него, само во исклучителни ситуации може да се следи одреден граѓанин, според стриктно пропишани правни процедури, затоа што е особено важно кога, како и зошто ќе се собираат тие податоци.

10662memeti

„Институциите треба брзо и ефикасно да реагираат. Сè друго остава простор за секакви сомнежи, за недоверба во институциите итн.Ова е пресериозна работа, јас не верувам дека нема капацитети, туку толку и политички е преплетена состојбата по однос на оваа појава, што, ако сите сериозно не го сфатат овој проблем и оваа појава, тешко дека може до крај да се расчисти. Затоа јас повикувам и на разум од сите страни, а и на професионалност на институциите“, вели Мемети.

 

Повеќе ТУКА