Скандалозната Лејди Гага ќе пее на церемонијата на врачување на наградите Оскар , која ќе се одржи на 22 февруари .28-годишната пејачка ќе стане дел од шоуто во Лос Анџелес, на кое ќе присуствуваат најистакнатите ѕвезди на киното.
Лејди Гага сама ја сподели веста објавувајќи тематска слика во својот профил во Instagram вчера вечерта. Кон кадарот русокосата изведувачка напиша: “Ќе пеам во живо на Оскари оваа година!”.
Сè уште не е познато со која песна пејачката ќе се претстави на престижните награди подоцна овој месец, но едно е сигурно – шоуто сигурно ќе биде спектакуларно и незаборавно.
Во соопштението занастапот на ексцентричната ѕвезда за време на доделувањето на Оскарите, се вели:“Лејди Гага е уникатен изведувач чија музичка еволуција продолжува да расте.Ние сме горди да имаме нејзино исполнување на Оскарите за прв пат “ .
Неодамна Лејди Гага пееше и на наградите Греми, за време на кои освои и награда за најдобар поп албум со вокали.