(ВИДЕО) Полициско убиство во САД

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ново полициско убиство на невооружено лице во САД дополнително ги подигна тензиите и недовербата која јавноста ја има кон „сините униформи“.

policisko-ubistvo-sad

Полицијата го убила Антониј Замбран-Монтес откако фрлал камења на возилата.

Полицајците во извештајот имале напишано дека се обиделе со употреба на „блага сила“ да го уапсат осомничениот, и пукале во него откако неговото „заканувачко однесување“ продолжило.

Сепак, набрзо на интернет се појавила снимка од настанот на која се гледа дека полицајците пукаат и промашуваат додека Монтес бега.

На видеото се слуша како еден од набљудувачите зборува „Тоа беше само камен“.

Организацијата за човекови права од таа држава „Американска унија за цивилни слободи“ инцидентот го нарекла „многу вознемирувачки“.