Бизнис војна со криминален чин се води на македонската сцена. Полицијата соопшти дека е фрлен молотов коктел врз возило на позната македонска бизнисменка, а како што објавија некои медиуми станува збор за возилото на Кираца Трајковска.
![]()
Нема осомничени, ниту индиции кој би можел да го стори криминалниот чин во кој целосно е уништено возилото на Трајковска.
Таа неодамна ја загуби битката за Фершпед во трката по акции со нејзиниот дотогаш долгогодишен партнер Штерјо Наков.
Трајковска пред повеќе од една година беше отповикана од Надзорниот одбор на Фершпед./Фактор