Хронологија на крвавите напади во Копехаген, ликвидиран напаѓачот

од desk3
185 прегледи

Во серија од три напади во данската престолнина Копенхаген ноќеска загинаа три лица. Пет лица беа повредени, а полицијата успеа да го ликвидира сторителот на двата напади.

Ликвидиран е извършителят на нападенията в Копенхаген

Првиот напад се случи вчера во доцните попладневни часови. Маж стрелаше во излоџите на културниот центар Крудтонден, вклучувајќи и во конференциска сала и џез кафе. Во превод името на центарот значи Барутен погреб, посочува ТАСС.

Во центарот во моментот на нападот имаше јавна дискусија посветена на темата за уметноста, хулата и слободата на говорот, наведува АП. Во неа водечки предавач беше шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, познат по скандалозни карикатури на пророкот Мухамед,кои го налутија исламскиот свет пред неколку години и станаа повод за непрестајни закани за неговиот живот.

Поради тоа Ларс Вилкс е под засилена безбедност во татковината и секој пат кога ја посетува соседна Данска, како што беше и вчера. Во дебатата во културниот центар учествуваше и францускиот амбасадор во Данска Франсоа Зимаре. На дискусијата присуствуваа неколку десетици луѓе.

Пукањето започна по изјавата на Зимаре. Токму тој успеа да испрати прв твитови по нападот, во кој рече дека е неповреден, но потоа во телефонско јавување до Франс прес раскажа ужасни детали, дека според него имало 50 истрели, а потоа слушнал од полицијата дека истрелани биле многу повеќе, дури 200.

Очевидци велат дека имало 30 дупки од куршуми во излогот на културниот центар. Други споменуваат за 40.

Снимки емитувани на голем број телевизии,ги покажуваат витрините на центарот кои се изрешетани од куршумите. БиБиСи емитуваше снимка, во кој се слуша како активистката на Фемен Ирина Шевченко, кој зборува во културниот центар во текот на дискусијата, е прекината од десетици истрели.

Во нападот врз културниот центар загина еден од присутните на дискусијата, кој според властите е 55-годишен маж. Тројца полицајци кои го обезбедувале културниот центар беа повредени.

Веднаш по овој напад полицијата објави дека смета дека овој напад беше атентат врз Вилкс. Амбасадорот на Франција во Данска пак изјави по телефон пред Франс прес дека според него сторителот имал намера да го повтори нападот во Париз против “Шарл ебдо”, но не можел да влезе во културниот центар.

Париз веднаш го осуди нападот и го опиша како терористички акт. Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиусс изјави дека во најскоро време во Данска ќе дојде францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов. Овој напад беше осудено од ЕУ и од САД.

Данскиот премиер Хеле Торнинг-Шмит го утврди нападот врз културниот центар како политички мотивиран терористички акт. Според самиот Ларс Вилкс, напаѓачот се инспирирал можеби од нападот врз “Шарл ебдо”.

Првично се мсилело дека извршителите на овој напад се двајца, а потоа сепак полицијата објави дека трага по само еден човек. Тој избегал со автомобил Фолгсваген поло, кој беше пронајден во близина на културниот центар празен.

Беа распространети неколку фотографии од камерите за надзор, на кои се гледа со нејасна слика бараниот човек облечен во дебела темна јакна и капа и шал со бордо боја , кој делумно му го крие лицето. Според описот на очевидците тој е на возраст 25-30 години, добро граден маж, околу 1,85 метри висок. Некои очевидци раскажуваат дека носел црн автомат и дека имал изглед на Арап.

Малку по полноќ по локално време нови истрели одекнаа во данската престолнина, во близина на синагога. Еден човек беше тешко повреден во главата и почина од повредите во болница. Еден полицаец беше ранет во ногата, а друг во раката, но нема опасност за нивните животи.

Еврејската заедница во Копенхаген ја идентификува втората жртва како Евреин, одговорен за обезбедувањето на синагогата.

Првично беше соопштено дека и оваа жртва е на 55 години, но потоа беше појаснето дека убиениот е млад човек, доаѓал во синагогата, за да го одбележи ритуалот Бар Мицва.Во синагогата при овој напад имало 80 лица. Верскиот објект се наоѓал на половина час пат одење од културниот центар, објект на првиот напад. Поради овие две напади главниот град на Данска беше ставен под засилена полициска заштита. Над него прелетуваат хеликоптери и по улиците патролираат полицајци со кучиња.

По двата напади во реонот на работничкото соседството Норебро во близина на железничката станица Норепорт, маж отвори оган по полицајци кои беа испратени да набљудуваат станбена зграда.

Полицијата појасни дека во даден момент мажот се доближил до полицајците, кој ги следел до зградата. Тие го повикале да застане, тој отворил оган врз нив и полицијата одговорила, и го застрелале. Во овој напад полицајците не се повредени. Областа е во близина на местата на двете претходни напади. Данската полиција соопшти дека мажот, кој беше ликвидиран од полицајци ноќеска најверојатно е сторителот на двата напади.

“Сметаме дека сме го застрелале сторителот на двата напади”, рече полицискиот портпарол Кеси Молгор Јенсен.

Полицискиот детектив Јорген Сков рече дека прелиминарната истрага не наведнува на мислата дека имало и други напаѓачи, вмешани во пукањето, при што загинаа две лица, а беа повредени петмина полицајци. Сков сепак појасни дека се уште се проверува дали напаѓачот дејствувал сам, дополнува ДПА.

Поради двата напади Копенхаген беше буквално под полициска опсада.

Атентаторот бил ликвидиран од специјалните единици на полицијата пред блокот во кој живеел во близина на железничката станица. Тој бил следен до задругата, откако таксист пријавил во полицијата дека сомнителен маж патувал во неговиот автомобил по првиот напад во културниот центар, појаснува ДПА.

Сега полицијата ги испитува движењата на атентаторот и за целта ги анализира снимките од безбедносните камери во Копенхаген.

По повод информацијата за ликвидирање на наводниот сторител на нападите, данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит изрази олеснување дека осомничениот бил неутрализиран.

Поради нападите данската полиција го задржува силното присуство во данската престолнина.