Тројца цивили загинаа, а 13 беа повредени во последното деноноќие во Донецк, соопшти општината на градот, цитирано од Интерфакс. Киев, Донецк и Луганск објавија дека генерално примирјето почитува. Од Фејсбук страницата на лидерот на “Десен сектор” Дмитриј Јарош беше пуштена но потоа демнатирана порака дека два негови баталјони продулжуваат да се борат крај Дебалцево.
![]()
Претставникот на Генералштабот на Украина Владислав Селезнов, објави дека бунтовниците 10 пати се стрелале по позиции на владините трупи, пренесе РИА Новости. Сепаратистите од своја страна соопштија за две бомбардирања на нивните позиции во текот на ноќта. Претставникот на Министерството за одбрана на ДНР Едвард Басурин, рече дека нема официјални нарушувања.
Активностите на бунтовниците по почетокот на режимот на прекин на огнот во Донбас засега не даваат повод да се зборува за уривање на примирјето, објасни Владислав Селезнов на брифинг
На прашање во врска со изјавата на претседателот на Украина Петро Порошенко дека на целата територија на земјата ќе биде воведена воена состојба, ако во Донбас не се воспостави примирје, Селезнов потсети дека “при прогласувањето на режимот на примирје началникот на Генералштабот на Украина и командант на Украина ги зацртале условите под кои се отвора оган против терористите – тоа е очигледно само по напад врз позициите на владините сили и оган по населени места, каде што се наоѓаат мирни граѓани “. “Се што се случи ноќеска, е испровоцир оган, кој се водел систематски, а не локално”, констатира Селезнов.