Русија ќе продолжи со борбата против екстремизмот и ќе ги брани своите национални интереси во светот, како што тоа го правела и предходно. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со претставници на ветеранските организации, одржана по повод 26-годишнината од повлекувањето на советските војници од Авганистан, пренесоа агенциите.

За жал, животот не станува полесен и побезбеден, рече Путин. Тој потсети дека едно време во Авганистан советските војници, се соочија со она што денес се нарекува политички ислам. Путин истакна дека тогаш се раѓале екстремистички организации, кои биле “вештачки погон однадвор”.
Потоа оние кои го направија тоа, сами настрадаа од стореното од нив, изјави Путин и потсети дека тешки настани ги посетија САД и многу други земји, а неодамна такви трагични настани имало и во Европа.
Џинот е пуштен од шишето и ништо не може да се направи по тоа прашање. Со него треба да се бориме и ќе го направиме тоа, увери претседателот.
Тој потсети дека проблемот не се само исламистичките екстремисти, туку и тоа дека во светот има многу екстремисти.
Претседателот истакна дека сега во светот се уште не е достигнатото проповеданото верување од Лав Толстој дека несъпротиставувањето на злите сили може да донесе за некого опипливо овошје, особено на меѓународната сцена.
За жал животот денес е многу сложен и често ние се соочуваме со тешкотии, да не речам и злосторствата и мораме да се бориме за своите интереси, изјави Путин.