Кафуле од огледала во Јапонија

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Фото: Shigetomo Mizuno

Јапонскиот град Гифу во својата прегратка крие кафуле во чија фасада е отсликан целиот урбан кварт. Кафулето дизајнирано од јапонските архитекти „Bandesign“ е целосно изведено од огледала, во кои се одразува целиот пејзаж и урбано опкружување. Сликата на фасадата се менува како што се менуваат и годишните времиња, давајќи еден постојано променлив изглед на зградата.

Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno

Инспирацијата за изгледот на проектот именуван „Mirrors“ доаѓа од природата околу кафулето, односно дрворедот од црешови дрва кои се точно спроти кафулето. Во периодот кога се расцветани, со своите нежни, розови цветови на фасадата се создава волшебна слика која потсетува на насликано уметничко ремек-дело, креирајќи дополнителна атракција за големиот број посетители кои доаѓаат за дрворедот за време на сезоната на цутење на црешите.

Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno

4Facade

„Со цел да се мултиплицираат црешите, поставивме два ѕида од огледало под агол и на тој начин се создава ефект на шума од црешови дрва на аголот од улицата во градот. Освен надворешните посетители, кои се примамени во шумата од цреши, и гостите во кафулето може да ги гледаат и црешовите дрвја и нивниот одраз во огледалата и на тој начин да почувствуваат директно како се менуваат годишните времиња“, велат од „Bandesign“ во објаснувањето за Design.mk.

Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno

Со идејата да се запази приказната за шумата, во ентериерот на кафулето се користат бои кои би потсетувале на природата во шумата, влезната врата е бојадисана во црвено, а внатрешниот ѕид е комбинација од црвено и од зелено.

Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno
Фото: Shigetomo Mizuno