Ако некогаш сте се запрашале дали вашите сексуални желби и дејствија се чудни, време е да дознаете што во минатото се сметало за незаконска и какви биле казните. Историјата сведочи за голем број на чудни, брутални и нелогични сексуални закони кои на некои места се применуваат и до денес.
Тибетски закон пред многу години ги форсирал жените на проституција, за да добијат сексуално искуство пред бракот. Римските калуѓерки кои се осудувани на 30 години на целибатот, биле закопувани живи, ако го прекршат својот збор.Исто така во некои култури за изневерувањето и силувањето следеле строги казни. Хуни, кои извршиле прељуба, биле казнувани со кастрација, а старите Римјани со удирање со камења на тестисите на силувачите. Во Хонгконг жените, на кои ќе ги изневерат, имале право да го убијат мажот, но само со голи раце. А човек, на кој жената го изневерила, има право да ја убие на секаков начин.
Во Непал и Бангладеш е противзаконски да се гледаат филмови, кои покажуваат симулирано водење љубов или кои ги покажуваат интимните зони на мажот и жената. Законот не ги дозволува и бакнежите во филмовите. Во Индонезија оние кои се самодоволуваат , биле казнувани со сечење на главата. Уште еден од необичните закони е овој во 17 век во Шпанија, кога на жените им било забрането да покажува гола нозе. Всушност градите може да бидат разголени, но нозете биле резервирани само за нивните сопрузи.
Во Ајдахо можете безгрижно да имате секс во автомобил, бидејќи на полицајците им е забрането да доаѓаат и да ви тропнат на прозорецот. Постапката е следнава – полицајците треба да паркираат зад автомобилот, да вклучат сирените три пати како знак на предупредување, а потоа да почекаат две минути пред да се приближат до колата. Во Колорадо е забрането да имате секс во езеро, река или поток. Во Кентаки жена не треба да стои по костим за капење во близина на пат, освен ако не е придружувана од двајца полицајци.
