(ГАЛЕРИЈА) Цртежи создадени од трчање во снегот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Симон Бек е неверојатен уметник. Тој ги создава своите слики во снегот, покажувајќи ја студената убавина на природата, во комбинација со математиката.140bf59c8dbb3d0380bb9119259d4bc1

56-годишниот автор ја создава оваа уметност во последната деценија, а најмногу твори на Алпите. Неговите прекрасни цртежи беа создадени со трчање во свежиот снег со посебни чевли.

За секоја слика му се потребни на Бек до 11 часа, а тој прави цртежи, кои се со димензии од 100 на 100 метри. За целта тој поминува до 25 милји за да успее да создаде свој модел, за кој претходно забележал скица на лист хартија.

Секоја зима Симон “произведува” околу 30 снежни цртежи во северната хемисфера. Тој ја започнува оваа своја активност за задоволство, но сега таа е негова главна професионална дејност.