Донецката народна република (ДНР) и Луганската народна република (ЛНР) ќе ги прекинат интеракциите со Киев ако Украина се приклучи на НАТО, соопштува ТАСС.

Според нив Минските договори ќе станат “неважечки”, ако Украина се приклучи на Алијансата и ќе ги прекинат врските во такво сценарио.
Секој напор за зближување со НАТО или изградба на антируски сојуз ќе биде неприфатливо за нас. Во таков случај ние ќе ги прекинеме односите со Киев и Минските договори ќе станат неважечки, објавија претставниците Денис Пушилин и Владислав Дејнего кои ги претставуваат ДНР и ЛНР во Контакт групата.
Исто така раководството на Украина треба да ги поништи сите одлуки за прогласување и водење на “антитерористичка операција”, се истакнува во соопштението.
Во меѓувреме заменик-командантот на военото министерство на Донецката Република Едвард Басурин изјави дека украинските сили почнаа предислоциране на тешката артилерија кон населените места Артомовск, Мироновск и Луганское.
Вооружените сили на Украина ги преместија тешките ракетни системи “Град” и “Ураган” кон населените места Артомовск, Луганское, Мироновскиј, Свјатодарское и други. Таму се испратени и неколку групи новинари, појасни тој.
Според него украинските војници подготвуваат провокација со цел да ги обвинат сепаратистите дека го прекршиле договорот од Минск.
Инаку тој соопшти дека за последниот ден украинската армија го прекршила примирјето 27 пати.
За последниот ден имаше 27 прекршоци. беше пукано од Докучаевска, Горловки и периферијата на Донецк, додаде тој.
Од друга страна, началникот на милицијата во Доњецката област Вјачеслав Аброскин напиша на “Фејсбук” дека сепаратистите го прекршиле прекинот на огнот, откако врз нив пукале од Дебалцево утринава.
Претходно претседателот на Луганската провинцискиот администрација Генадиј Моск истакна дека се водат борбени дејства во областите на населените места Троицкое и Чернухино до Дебалцево.