Поранешниот министер за правда Михајло Маневски не сака да ја коментира ниту автентичноста ниту содржината на снимките што ги објави СДСМ, меѓу кои, како што соопшти Зоран Заев, е и разговор меѓу Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– Немам, немам коментар. Прашајте кај ти што ги објавуваат снимките – вели Маневски./+Инфо