Зврлевски: Од мене никој не побарал да ја отфрлам кривична пријава против Ставрески

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска одби да го коментира изнесеното на прес-конференцијата на Заев, во врска со разговорот меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, каде Јанкуловска вели дека тој ја исполнил „задачата“ и ја отфлил кривичната пријава за министерот за финансии.

„Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ во врска со некаков разговор во кој е споменато моето име.Јас како јавен обвинител немам постапувано по предмет во којшто како пријавено лице се појавува министерот за финансии Зоран Ставрески“, вели Зврлевски.

Тој посочи дека јавните обвинители биле апсолутно независни и на нив не можело да се влијае со никаква молба, препорака или укажување.

„Од мене никој нема побарано да се отфрли кривична пријава. За сите предмети за кои е отфрлена кривична пријава се известува оштетениот, односно подносителот на пријавата, и истиот има право да поведе постапка пред суд или да поднесе жалба до повисокиот обвинител. Начинот на спомнувањето на јавното обвинителство, јавниот обвинител, на прес-конференцијата и начинот на коментирањето е со цел да се дискредитира јавното обвинителство и да се изврши притисок, а во врска со постапување по конкретен предмет“, рече Зврлевски.