Истражување: Андроид 5.0 е постабилен од ајОС 8

од Vladimir Zorba
87 прегледи
Мобилниот оперативен систем Андроид доби сериозно признание, што се однесува до работата на мобилните апликации. Според статистика на компанијата Crittercism, верзијата Андроид 5.0 Лолипоп е постабилен од ајОС 8 на Епл.
android-market-cyanogen-app-store-1
Податоците покажуваат дека честото паѓање на апликациите, стартувани под управување на Лолипоп, е само 2-отсто, додека кај ајОС овој показател е 2,2-отсто. Претходно оперативниот систем на Епл покажуваше подобри резултати – 1,9% кај ајОС 7, наспроти 2,6-отсто кај Андроид КитКет.
Според публикација во ЗДНет, причините за паѓање на апликациите можат да бидат најразлични, вкл. проблеми во самиот систем, апликациите или хардвер. Crittercism не наведува во својот извештај на што се должат тие.