98
Медицината наскоро може да добие безопасна алтернатива на рентгенот. Научниците од холандскиот универзитет Твенте се на пат да создадат скенер, кој работи со оптичка светлина.
Слична технологија е безопасна и информативна за целите на истражувањето, која овозможува користење на ласер за хируршки операции, станува јасно од неодамнешен пост во Нејчр.
Принципиелно, оптичката светлина продира во ткивата, но силно се апсорбира и распрснува. Овој проблем може да се реши преку технологијата развиена за астрономијата, која овозможува обновување на распрсканата светлина.
Во астрономијата слична технологија се применува за неутрализирање на ефектот на одвраќање во атмосферата. За таа цел се користат ласери, ултразвук и огледало. Научниците се надеваат дека преку оваа технологија ќе го заменат рентгенот со видлива светлина при скенирање на живи ткива.
Развојот се уште е во рана фаза, но научниците се оптимисти. Ако експериментите се крунисаат со успех, тогаш медицината ќе добие една целосно безопасна алтернатива на рентген и истовремено попрецизна технологија за истражување на човечкиот организам.
