Последните анализи на експерти од Европската унија укажуваат на опасно зголемување на ризикот од заминување од Еврозоната на Грција, објави “Блумберг”, повикувајќи се на финансиски аналитичари од германската “Комерцбанк” .Според нив таков заклучок се наметнува откако станаа јасни резултатите од средбата во Брисел вчера. Двете страни така и не се разбраа и не успеаја да се договорат за антикризната програма на Атина, која треба да биде извршена до крајот на февруари.
![]()
Повеќето од аналитичарите тврдат дека грчките банки ќе имаат многу помалку можности да испловат од должничката криза во случај на укинување на еврото и преминот на земјата кон драхмата.
Пред неколку часови грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис демонстрираше оптимизам, велејќи дека преговорите за долгот на Грција пред ЕУ ќе продолжат во наредните два дена.