Новинарот Томислав Кежаровски останува на слобода, откако Апелациониот суд ја потврди неодамнешната одлука на Кривичниот суд за условен отпуст на новинарот и ја отфрли жалбата на Обвинителството.
Ова значи дека Кежаровски нема да се враќа во истражниот затвор „Скопје“, каде што требаше да издржи уште три месеци од досудената казна.
Право на уловен отпуст имаат осудените кои одлежале половина од изречената казна, а во случајот за Кежаровски, тоа го побара директорот на затворот, но и неговата сопруга.
Кежаровски минатиот месец доби прекин на издржувањето на казната во рок од 30 дена поради здравствени причини.
