(ГАЛЕРИЈА) Швајцарско искушение

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Додека пролетта уште чека зимата да си отиде, имате уште малку време за зимски спортови и одмори .0df33805b0d56d68b07ae75db729a646

И иако во Македонија имаме достапни одморалишта , многу луѓе претпочитаат да скијаат или едноставно да се одмараат во зимските месеци некаде подалеку .

Алпите се една од најпосакуваните дестинации, со која тешко дека некој човек би погрешил. Особено ако одлучи да се смести во хотелот W Verbier . Тој има идеална локација – во градот Вербие, Швајцарија , во непосредна близина до главната жичарница во подножјето на ски патеките на познатото одморалиште.

Луксузниот хотел нуди стилски, енергични простори инспирирани од динамиката на зимата и снегот. Покрај тоа, тој има четири згради со дизајн инспириран од планинските колиби. 123 модерно опремени соби за гости, 1 претседателски апартман и 15 прекрасни резиденции се подготвени да се соочат туристите, кои одлучиле да почиваат во швајцарските Алпи.

Сите соби и апартмани имаат пријатен камин и балкон со неверојатен панорамски поглед кон планината. Дрво декорот пак се сложува со модерниот мебел. Хотелот располага и со надворешен загреан базен за еден уште попријатен одмор.

Влезете во галеријата и разгледајте барем низ фотографии еден вистински зимски скапоцен камен во швајцарските Алпи.