Денес е денот на палачинките

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Нејзиното Височество палачинка слави.4efad48841041005853b10145efa6b30

Првата палачинка во светот била направена од папата Геласиј Први, кој во 492 година помешал вода, јајца и брашно за да ги нахрани бројните верници. Тој го нарекол созданието плоча. Таа брзо се претворила во кулинарски хит, бидејќи може да се јаде и со солено и слатко, па дури и без ништо.

Пред секоја битка Наполеон си правел палачинки со надеж дека ниту една нема да падне на земјата, бидејќи тоа бил лош знак. Но, легендата вели дека палачинка му паднала токму пред битката за освојување на Москва.