Што се промени во Крим?

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Во почетокот на 2015 година заврши “преодниот период” за анексија на полуостровот Крим, во кој тој мораше да се приспособи на руските закони и прописи. Кримчани сепак сметаат дека сè уште се далеку од тоа. Еве зошто:

Пазар во Симферопол

“Целата катедра во полн состав пишуваше и записници на апликациите за разрешувања и назначувања”, раскажува Светлана Вернези, научен соработник од Симферопол. Таа работела во националната академија за екологија и рекреативна изградба, но од 1 јануари оваа образовна институција, како и сите универзитети во Крим преминуваат кон Кримскиот федерален универзитет, кој е под надлежност на Русија. “Сменети  беа голем дел од луѓето и не ги назначија повторно. Има и неисплатените плати, бидејќи сметките преминуваат од една банка во друга”, вели таа. И во другите сфери на животот нема сериозни промени во споредба со 2014 година, изјави таа. “Не се случија никакви чуда. Во болниците, како и претходно нема документација, нема нови формулари на болничките листови. Морав да направам референца, но мораше да ја направам пост фестум, бидејќи нема и нови печати”, вели Светлана Вернези.

Ниту возови, ниту автобуси

Програмерот Олег Скромнов (името е променето, б.а.), соработник на водечката украинска компанија донел одлука да се преселат од Симферопол во Киев. “Престанаа да се нудат нашите производи во Крим и филијалата во Симферопол веќе не функционира”, вели тој. Главната причина сепак е радикалното менување на ситуацијата со јавниот транспорт помеѓу полуостровот и континентална Украина. “Не патуваат ниту возови, ниту автобуси. Или треба да се движиш со свој превоз, или треба да ги бараш услугите на превозници”, вели Олег. А оние кои немаат сопствен автомобил, ја преминуваат границата пеш. “Луѓето одат по пет километри пеш во студ”, дополнува Светлана Вернези.

И уште една значајна промена: по Нова година платите на државните службеници беа намалени. “До крајот на 2014 година тие добиваа индексирани плати. Пораснаа двојно украинските плати и ги множеа со 3,8, или по курсот на рубљата во однос на гривната за време на референдумот. И тогаш сите се израдуваа. А сега платите се асимилирани со руските и на луѓето веќе не им е до радост “, вели Олег Скромнов. Тој има намера да го продаде својот стан во Симферопол. “Сега е профитабилно да продадеш недвижност. Цените во Крим се зголемија, а во Украина паднаа.”, вели тој. Властите го продолжија рокот за пререгистрација на сопственоста до 1 март. “Луѓето стравуваат дека повторно нема да можат. Во Државниот катастар ги има истите редици, како и порано. Регистрацијата треба да се врши според законите на Руската Федерација, но никој не знае како да ги применува”, вели приватниот адвокат Жан Запрута. Според него се јавуваат сериозни проблеми, бидејќи до пристапувањето кон Русија градежното законодавство во Крим се разликуваат значително од руското.


Контролен пункт "Чонгар"

Рускиот пасош поскапе десеткратно

Жан Запрута вели дека не сите жители на Крим добиле руски пасоши. “Постапката за издавање на руски пасош стана многу бирократска. Ако човек нема адресирано регистрација, мора да докаже на судовите дека до 18 март 2014 година бил ставен на листата во Крим. Сега излегува дека одлуката на судот не е доволна. Сепак треба да бидат претставени документи, извештаи, сертификати и др. Велат дека такви биле барањата на Русија “, забележува Запрута.Претходно луѓето плаќале по 300 рубљи за издавање на руски пасош. Сега цената е 3 500 рубљи.”Федералната миграциона служба оценува за” задоцнети ” странци кои добиваат руско државјанство, и им ги наметнува соодветните такси”, вели адвокатот.

Аналитичарот на меѓународната организација за човекови права “Кримската теренска мисија” (КПМ) Викторија Громов го потврдува ова тврдење. “Постојат сериозни проблеми во сферата на миграционите извештаи. Властите воведуваат административни казни на луѓето кои се наоѓаат на територијата на Крим без пасоши. Ги казнуваат и понекогаш ги апсат. Иако тие поднеле документи за нов пасош, но не добиле одговор “, вели таа. Со сериозни проблеми се соочуваат луѓето кои живеат во Крим до 2014 година, кои не се украински граѓани. “Граѓаните на Молдавија и Узбекистан пример треба да поднесат барање за привремен престој, а постапката за издавање на дозвола трае многу долго. Ако бидат запрени од полицијата, треба да даваат објаснувања врз основа на што се наоѓаат во Крим”, вели бранителката.

За кримските Татари надежта исчезна, остана стравот

Крај на “помирувањето”

Активистите се сериозно загрижени од депортацијата на познатиот Кримско-татарси активист и заштитник на човековите права Синавер Кадиров. Согласно одлуката на судот, тој го прекршил миграциското законодавство. “Кадиров нема пасош на Руската Федерација, но целото негово семејство е во Крим. Освен тоа руските власти изјавиле дека сите жители на Крим, кои не се откажале од руско државјанство, се сметаат за руски граѓани”, вели Викторија Громов.

Уште поскандалозен е случајот со Ахтом Чијгоз кој е заменик-претседател на Меџлиса. Тој беше лидер на Кримските Татари кои беа против пристапувањето на Крим кон Русија. Моментално Ахтом Чијгоз е во симферополски затвор. Властите го сомничат за организирање на масовните немири од 26 февруари 2014 година. “Помислете си само – 26 февруари 2014 година! Па тоа е речиси еден месец пред преминувањето на Крим под руска јурисдикција. Комплетен апсурд! Дајте тогаш да ги испитуваме настаните и во јануари, и оние во 2013 година”, вели Дмитриј Макаров од КПМ. Тој забележува дека има и други случаи на насилство против Кримските Татари.

И ако до 1 јануари гледаме некое попуштање на односите меѓу Кримските Татари и руските власти, сега тензиите повторно растат, велат активистите. Всушност уште во средината на јануари 2015 година властите уапсија неколку муслимани под сомневање за врски со групата “Хизб-ут Тахрир”. “Во есента беше најавено дека до крајот на преодниот период треба да бидат прекинати претресите и проверките за екстремистичка активност. Јасно е во таа смисла дека преодниот период навистина е завршен”, заклучува Дмитриј Макаров.

ДВ.ДЕ