Путин пак го негираше “Јужен тек”, но даде надеж за нов договор

од desk3
85 прегледи

Русија е подготвена да разгледа со партнерите од ЕУ алтернативи на “Јужен поток”, но нема да се откаже од соработката со Турција во врска со снабдувањето со природен гас. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Унгарија, каде што се состана со унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесоа агенциите.

0416134001414352395_457481_600x458_actualno

Путин додаде дека враќањето кон реализацијата на проектот “Јужен поток” во неговиот претходен вид не може да биде постигнато. Русија не се откажа од проектот “Јужен поток”, на Москва не и беше дозволено да го реализира и враќањето кон него во претходниот неговиот изглед е невозможно. Русија е подготвена да разговара со сите компании за можноста за работа во рамките на “Турски поток”, а улогата на Унгарија како земја -за транзитирање на гас не е намалена по запирањето на проектот “Јужен поток”, рече уште Путин.

Русија и Унгарија – договор

Двете земји ги усогласија на политичко ниво условите за испорака на гас. Ова го објави унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорите во Будимпешта со Путин. Политичкиот договор постои. Останува да бидат решени техничките прашања, рече Орбан.

Двете земји потпишаа голем број билатерални договори по разговорите. Церемонијата на потпишување се одржа во присуство на двајцата лидери. Конкретно, двете страни потпишаа меморандум за подготовка на кадри во областа на нуклеарната енергија, договор за меѓурегионална соработка, за соработка во областа на образованието и за соработка во областа на здравството. Стана јасно и дека проектната компанија меѓу Русија и Унгарија за “Јужен поток” може да биде користена при изградбата на новиот гасовод преку Турција.

Министрите за надворешни работи на двете земји разменија ноти за отворање на Генерален конзулат на Унгарија во Казан.

“Унгарија има потреба од Русија”, изјави Виктор Орбан. Тој посочи дека изолирањето на Русија од Европа е нецелисходно.

Тие разговараа и за ситуацијата во Украина. Путин изрази надеж дека Минските договори ќе се почитуваат.