Епл го купува Тесла за 75 милијарди долари?

од Vladimir Zorba
122 прегледи
Епл ќе се обидат да се здобијат со производителот на електрични автомобили Тесла во наредните 18 месеци, предвидува американскиот претприемач Џејсон Калаканис, поранешен менаџер на Нетскејп. Според него, Епл има неколку сериозни причини да ја купи компанијата основана од Елон Маск, кој е познат и по вселенските проекти.Beacon-03
Главниот мотив на Епл произлегува од плановите на компанијата да создаде свој автомобил. Купувањето на Тесла ќе ги забрза процесите на креирање и пласирање на пазарот на автомобил од страна на Епл. Според гласините, возилото со кодно име Титан е во процес на развој.
Освен тоа, се тврди дека Епл развива технологии за самоуправувачки автомобили. Во оваа сфера, Тесла исто би била од корист на компанијата од Купертино, бидејќи работи на слични проекти.
Уште една сериозна причина Епл да го „проголта“ Тесла е фактот дека компанијата гради огромна фабрика за литиум-јонски батерии, наречена Гига фактори. Ако добие контрола над неа, Епл ќе може да ги задоволи целосно потребите од батерии за мобилни уреди.
Џејсон Калаканис смета дека евентуалната зделка може да ги чини Епл околу 75 милијарди долари. Пазарната капитализација на ИТ гигантот од Купертино неодамна надмина 700 милијарди, што за прв пат и се случува на американска јавна компанија.