Самсунг Галакси Таб Ес2 ќе биде потенок од ајПад Ер 2

од Vladimir Zorba
115 прегледи
Покрај новиот предводник смартфон кој очекуваме да го видиме на 1 март, Самсунг работи и на наследник на своите таблети од висока класа во серијата Галакси Таб Ес. Root-Samsung-Galaxy-Tab-2-10-1
Благодарение на извори на сајтот СамМобајл дознаваме некои детали за уредите, кои укажуваат дека ќе предизвика еден од најпопуларните таблети – Епл ајПад.
Според информациите, Галакси Таб Ес2 ќе биде потенок од ајПад Ер 2 и ќе се обложи на метална рамка, која ќе му придаде премиум изглед.
Уредот ќе се нуди во варијанти со 8 и 9,7-инчен дисплеј, кои се различни од дијагоналите на првата генерација (8,4 и 10.5) и ќе се со однос на страните 4:3, слично на предлозите на Епл.