Прва пресуда со казна затвор во случајот на Мегааплоуд

од Vladimir Zorba
89 прегледи
Судот во САД ја изрече првата пресуда за случајот околу сајтот Мегааплоуд, преку која на една година затвор беше осуден програмерот Ендрјус Нум, кој помагал во неговиот развој.0
Судот го истакнал фактот за неговата улога во создавањето на сајтот, но и за неговата желба да соработува во истрагата. Нум е виновен дека учествувал во кривично дело поврзано со кршењето на авторските права.
Според основачот на Мегааплоуд, Ким дот-ком, Нум одлучил да ја прекине бескрајната борба со органите на системот и да им помогне, но не затоа што е виновен, туку затоа што претпочита да заврши со оваа приказна и да продолжи со својот живот.